СТУДЕНТИ – ВОЛОНТЕРИ ЌЕ ИМ ДАВААТ ДОПОЛНИТЕЛНИ ЧАСОВИ НА ОСНОВЦИ

    СТУДЕНТИ – ВОЛОНТЕРИ ЌЕ ИМ ДАВААТ ДОПОЛНИТЕЛНИ ЧАСОВИ НА ОСНОВЦИМеѓу условите кои се наведени стои дека, за туторство на ученици од прво до трето одделение, потребно е туторот/волонтер да биде редовен студент на Педагошки факултет за одделенска настава или на студии педагогија; - Од почетокот на учебната година во скопски Карпош. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Објавен е повик за студенти за да им даваат дополнителни часови на ученици од основно образование. Министерството за образование и наука (МОН) вели дека програмата предвидува обезбедување бесплатни дополнителни часови за ученици по предметите кои се дел од наставниот план за основното образование, со цел обезбедување на дополнителна поддршка во совладувањето на наставната материја.

    Повикот за учество во програмата е наменет за редовни студенти кои имаат желба доброволно да подучуваат ученици по изготвена програма на одговорен наставник за соодветна паралелка од основно училиште. Меѓу условите кои се наведени, стои дека за туторство на ученици од прво до трето одделение потребно е туторот/волонтер да биде редовен студент на Педагошки факултет за одделенска настава или на студии по педагогија, а за учениците од четврто до деветто одделение да биде редовен студен на факултет.

    Аплицирањето се врши преку www.konkursi.mon.gov.mk.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира