СУДЕЊЕ ЗА УШТЕ ЕДЕН ЧЛЕН НА ЛЕВИЦА ЗА УЧЕСТВО НА ПРОТЕСТИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    СУДЕЊЕ ЗА УШТЕ ЕДЕН ЧЛЕН НА ЛЕВИЦА ЗА УЧЕСТВО НА ПРОТЕСТИТЕ

    Основниот суд Скопје 1 започна судски процес против уште еден член на Левица, Мариглен Демири, поради учество на протестите од оваа година, соопшти денеска партијата.

    „Режимот не престанува со политичкиот прогон против членовите на Левица. Малку му беше што веќе води судски процес против двајца наши членови, Здравко Савески и Владимир Куновски, па реши да поведе кривична постапка против уште еден член на Президиумот на Левица, Мариглен Демири. Ако режимот мисли дека вака ќе нè замолчи – дебело се лаже! Нашата борба за слобода и социјална правда во Македонија продолжува“, се вели во соопштението на Левица.

    Партијата најави дека пред почетокот а судењето ќе одржи прес-конференција утре во 11.45 часот пред Основниот суд Скопје 1.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира