СУДЕЊЕТО НА САВЕСКИ И КУНОВСКИ ОД ЛЕВИЦА ОДЛОЖЕНО ЗА 18 ОКТОМВРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДЕЊЕТО НА САВЕСКИ И КУНОВСКИ ОД ЛЕВИЦА ОДЛОЖЕНО ЗА 18 ОКТОМВРИ

    Денеска беше одложено судењето за членовите на Левица Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се обвинети дека на 13 април како дел од толпа учествувале во демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на РМ, кое се случи по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување од кривично гонење на 56 лица. Судењето е презакажано за 18 октомври.

    Судијката Весна Петровска-Тагасовска го одложи денешното рочиште оти судот очекува податоци од МВР за прекршочните постапки кои се водат за истото дело. За ова дело има уште 11 прекршочни постапки против лица за кои треба да се утврди дали учествувале во предизвикувањето на штетата на Народната канцеларија. Јавното правобранителство штетата ја процени на 522 илјади денари.

    Савески пред Кривичниот суд изјави дека иако пасошите им се вратени, сѐ уште не им е тргната забраната за излегување од земјава.

    „Пасошите ни служат за украс дома, џабе ни ги вратија, ако не можеме да ги користиме“, рече Савески и додаде дека тоа е изживување на полицијата врз борците за слобода.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира