СУДИИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПЛАТА ДЕНЕСКА, НО БЕЗ ВЕТЕНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ, ПОТВРДИ СУДСКИОТ СОВЕТ

    СУДИИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПЛАТА ДЕНЕСКА, НО БЕЗ ВЕТЕНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ, ПОТВРДИ СУДСКИОТ СОВЕТНа итна седница на 28 март, Судскиот совет донесе одлука за зголемување на платите, поради незадоволството во судството што обвинителите и обвинителската администрација земаа повисоки плати за 20 отсто, а тие не. - Седница на Судскиот совет (архивска фотографија)

    Судиите и вработените во судската администрација треба да добијат плата денеска до 16 часот, но без покачувањето од 10 отсто, коешто им беше ветено дека ќе го добијат со мартовската плата, потврдија од Судскиот совет. Вчера, нивните плати, кои и онака доцнеа неколку дена, беа прекнижени и се вратија назад по старо. Покачувањето е избришано, а министерот за финансии Кирил Миноски, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, го известил претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски дека пари за ветеното покачување, нема овој месец во касата.

    Веста за покачувањето на платите на судиите и на судската администрација ја објави на 28 март годинава претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, кој раководи и со судскиот буџет. Тој ден, на итна седница, Судскиот совет донесе одлука за зголемување на платите, поради незадоволството во судството што обвинителите и обвинителската администрација земаа повисоки плати за 20 отсто, а тие не.

    Претходно денеска, со соопштение се огласија Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) и Здружението на судската администрација (ЗСА), кои го обвинија претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски за неодговорно однесување и политиканство, поради кои, како што велат од УПОЗ и ЗСА, вработените во судовите не само што не го добија ветеното зголемување од 10 отсто, туку и останаа без плата пред најголемиот христијански празник Велигден.

    УПОЗ и ЗСА потсетија дека дека Караџовски на 6 април „помпезно најави дека работените во судовите за месец март ќе добијат покачување од 10%, а покачувањето ќе се случува месец за месец, зависно од тоа колку пари ќе има во буџетот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира