СУДИИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА ИВАНОВ, ИАКО ТОА Е ОБВРСКА НА ПОВИСОКИТЕ СУДОВИ, СМЕТА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРИВИЧЕН ИВАН ЏОЛЕВ

    СУДИИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА ИВАНОВ, ИАКО ТОА Е ОБВРСКА НА ПОВИСОКИТЕ СУДОВИ, СМЕТА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРИВИЧЕН ИВАН ЏОЛЕВПретседателот на Основниот суд Иван Џолев вели дека во жалбите по оценка на обвиненијата Апелациониот суд Скопје се изјаснил генерално дека бомбите ќе важат како докази, ама се изјаснил и за амнестијата за тие обвинети кои што се повикале на неа и пред второстепениот суд (Фото: СДК.МК)

    Нема генерален став од ниеден од надлежните судови во Скопје за предметите на Специјалното јано обвинителство (СЈО), во кои обвинетите се повикуваат на амнестијата на претседателот Ѓорге Иванов во април 2016. Претседателот на Основниот суд Иван Џолев, на денешниот брифинг со новинарите одговори дека во жалбите по оценка на обвиненијата Апелациониот суд Скопје се изјаснил генерално дека бомбите ќе важат како докази, ама се изјаснил и за амнестијата за тие обвинети кои што се повикале на неа и пред второстепениот суд.

    „Оставам судиите од Основниот суд Скопје 1 индивидуално да одлучат. Гледам дека постапуваат по предметите со такви обвинети од листата на Иванов. Според мене, генерален став носат повисоките судови“, рече Џолев.

    Ова беше неговиот одговор на нашата забелешка дека ако не се донесе генерален став за амнестијата на Иванов, која според експертите е незаконска бидејќи е донесена по член 11-А од законот во кој член 11 не постои, став подоцна би можел да донесе Европскиот суд за човекови слободи и права во Стразбур, за каде амнестираните обвинети уште сега најавуваат жалби.

    Минатата недела, доскорешната судијка во Стразбур Мирјана Лазарова Трајковска рече дека судот мора да изнесе генерален став по прашањето на таа амнестија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира