Судијката Моника Бахчовановска од Основниот суд Скопје 1, сопруга на Владимир Бахчовановски од ВМРО-ДПМНЕ, поранешен директор на ПУИГ, Лотарија и на други јавни претпријатија, одлучила за изживувањето врз Љубе Бошкоски да не му се суди на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков.
Информацијата за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврди Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кое најави дека веднаш пред Апелациониот суд Скопје ќе поднесе ќе поднесе жалба против таквата одлука на Основниот суд Скопје 1.
Бахчовановска го прифатила обвинителниот акт за „Тортура“ против Ивица Антевски – Пуки, кој е второобвинет после Мијалков, како и против уште пет лица од единицата „Алфи“ во МВР.
Сите седуммина се обвинети за кривично дело Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.
За апсењето на Љубе Бошкоски беше третата „бомба“ на тогашната опозиција, објавена на 20 февруари 2015 година. Извадок од разговор од „бомбата“ меѓу Сашо Мијалков и Драган Павловиќ Латас:
СМ: А бе лежеше тука 40 минути бе, сите го гледаа бе.
ДПЛ: Леле, леле, леле.
СМ: Па го вртеа со глаата према WC, со лисиците. Народ гледа.
ДПЛ: Леле, леле, леле.
СМ: Му ебав мајката, што да ти речам сега.
ДПЛ: Нека јаде гомна сега.
С. К. ДЕЛЕВСКА