СУДОТ ГО ПРИФАТИ ОБВИНЕНИЕТО ЗА МИЈАЛКОВ, МЕНДУХ ТАЧИ И ЧЛЕНОВИ НА ДИК, АМА НЕ И ЗА УПРАВНИТЕ СУДИИ ЗА ИЗБОРНИ МЕСТЕНКИ

    СУДОТ ГО ПРИФАТИ ОБВИНЕНИЕТО ЗА МИЈАЛКОВ, МЕНДУХ ТАЧИ И ЧЛЕНОВИ НА ДИК, АМА НЕ И ЗА УПРАВНИТЕ СУДИИ ЗА ИЗБОРНИ МЕСТЕНКИЕксдиректорот на УБК Сашо Мијалков е обвинет за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, додека останатите десетмина обвинети во „Титаник 2“ се товарат за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување. - Сашо Мијалков пристигнува во Апелациски суд на 17 јули (Фото: СДК.МК)

    Советот за оценка за обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 го одобрил обвинението на СЈО за предметот „Титаник 2“ во врска со изборни нерегуларности, но само за обвинетите политичари и поранешни и актуелни членови на Државната изборна комисија, а не и за петтемина судии од Управниот суд, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    СЈО нема соопштено дали ќе поднесе жалба на ваквата одлука.

    Станува збор за судиите Благородна Рангелова, Анета Џигерова, Билјана Никодиновска Петровска, Лидија Ивановска и Газмент Фејзула, за кои Судскиот совет на седница на 17 август донесе одлука да им го одземе имунитетот. Обвинението е одобрено за политичарите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими од ДПА, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, членот на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК Сашо Срцев и поранешните членови на ДИК Анета Стефановска и Влатко Сајковски.

    Мијалков е обвинет за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, додека останатите се товарат за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување.

    На 22 ноември, Апелацискиот суд Скопје одлучи прислушуваните разговори да можат да се користат како докази во судската постапка за предметот „Титаник 2“. Станува збор за две снимки, од кои што едната беше објавена пред две години од тогашната опозиција и беше разговор меѓу ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи во кој што тие се договараат за гласање во однос на поднесени приговори за изборите во ДИК за време на локалните избори во 2013 година.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира