СУДОТ Ѝ ГО ПРОДОЛЖИ ПРИТВОРОТ НА ЈАНЕВА ЗА НОВИ 30 ДЕНА

    СУДОТ Ѝ ГО ПРОДОЛЖИ ПРИТВОРОТ НА ЈАНЕВА ЗА НОВИ 30 ДЕНАПоранешната специјална обвинителка Катица Јанева по апсењето на 21 август како осомничена во случајот „Рекет“. (Фото: СДК.МК)

    Основниот кривичен суд ѝ ја продолжи мерката притвор на Катица Јанева за нови 30 дена, уважувајќи го предлогот на Обвинителството за организиран криминал и корупција., соопшти судот. Поранешната специјална обвинителка е во притвор од 21 август, кога беше уапсена како осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања во случајот „Рекет“.

    „Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка од 21.08.2019 година за К.Ј., по разгледување и ценење на предлогот, донесе решение со кое го уважи предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена“, се вели во соопштението на судот.

    Оттаму велат и дека за поднесениот предлог од одбраната на Јанева за укинување на мерката притвор и определување поблага мерка за обезбедување присуство со понудена гаранција доставена до судија на претходна постапка, истиот е испратен на мислење кај надлежен јавен обвинител, а по донесена одлука на судот, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира