СУДОТ ИМ ИЗРЕЧЕ ЗАБРАНА ЗА РАБОТА НА ОСОМНИЧЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ ОД ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДОТ ИМ ИЗРЕЧЕ ЗАБРАНА ЗА РАБОТА НА ОСОМНИЧЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ ОД ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ

    Четворицата професори од Економскиот факултет во Скопје , осомничени за примање поткуп и за злоупотреба на службената положба и овластувањата нема да предаваат оваа студентска година, односно ќе бидат суспендирани од работа се додека не заврши кривичната постапка против нив. По барање на Јавното обвинителство, Кривичниот суд денеска донесе одлука да им забрани да продолжат да предаваат.

    Во Кривичниот суд вчера на распит беа шестмина професори и асистенти од овој факултет, а судијата на претходна постапка го прифатил барањето за отстранување од работа само за четворица од осомничените.

    “Во текот на сослушувањето обвинителот за две лица го повлече прелогот за опредлување мерка за претпазливост, додека по ценење на причините заради кои е поднесен предлогот за преостанатите 4 лица, судијата на претходна постапка донесе одлука со која го прифати предлогот на обвинителството и на Б.Ш., Д.Ј., С.Р. и Љ.Ј. им определи мерка за претпазливост од член 146 ст. 1 т. 7 – Забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело, а која мерка ќе трае додека постои потреба, а најдолго до правосилност на пресудата“, се вели во соопштението од Кривичен суд.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари