СУДОТ НЕ Ѝ ГО ОДЗЕДЕ ПАСОШОТ НА БЕТИ ЗА „ТЕНДЕРИ“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДОТ НЕ Ѝ ГО ОДЗЕДЕ ПАСОШОТ НА БЕТИ ЗА „ТЕНДЕРИ“

    Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 денеска го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за одземање на пасошот на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која е првоосомничена во случајот на СЈО „Тендери“ и во петокот беше на распит во Судот. Барањето на СЈО за предложената мерка за претпазливост е неосновано, соопшти Кривичниот суд.

    „Тендери“ се однесува на склучување договор меѓу Министерството за култура и правното лице „Бетон Штип“ за извршување завршни градежни работи на Музејот на ВМРО. Покрај првоосомничената министерка за култура Канческа-Милевска, осомничени се и три други лица од Комисијата за јавни набавки од истото министерство. СЈО ја сомничи министерката дека уште пред да биде распишан тендер, на 20 јуни, 2011 на бившиот директор на компанијата, сведок во СЈО, му рекла да не чека, да гради, оти условите за тендерот министерството ги мести за најповолен понудувач да биде „Бетон Штип“.

    По распитот во петокот, Канческа-Милевска изјави дека станува збор за политички театар на СЈО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира