СУДОТ НЕ МУ ГО ВРАТИ ПАСОШОТ НА ГРУЕВСКИ, БАРАЊЕТО МУ БИЛО НЕОСНОВАНО

    СУДОТ НЕ МУ ГО ВРАТИ ПАСОШОТ НА ГРУЕВСКИ, БАРАЊЕТО МУ БИЛО НЕОСНОВАНООстанува обврската на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски еднаш неделно да се јавува во Основниот суд Скопје 1. - Од јавната седница на Апелациониот суд на 23 јули (Фото: СДК.МК)

    Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на обвинетиот Никола Груевски за укинување на мерките на претпазливост, вклучувајќи ги и одземените патни исправи, со образложение дека е неосновано. Во барањето, Груевски навел дека пасошот му треба за службени патувања, надвор од земјата.

    „Мерката на претпазливост, Привремено одземање на патната исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница и мерката, Привремено одземање на дипломатска патна исправа – Остануваат на сила“, соопшти Судот.

    Пасошот на Груевски му беше одземен на 3 јули со одлука на Основниот суд Скопје 1 на барање на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Титаник“, а мерката на претпазливост ја потврди Апелациониот суд на 23 јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира