СУДОТ ОДРЕДИ НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА БОКИ 13 И ЗОКИ КИЧЕЕЦ

    СУДОТ ОДРЕДИ НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА БОКИ 13 И ЗОКИ КИЧЕЕЦОва е втор пат да се продолжува мерката притвор на Јовановски и Милевски откако беа уапсени на 15 јули.(Фото: Инстаграм)

    За нови 30 дена продолжен е притворот на Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, осомничени во случајот „Рекет“. Ова е втор пат Судот да ја продолжи мерката притвор на Јовановски и Милевски откако беа уапсени на 15 јули.

    „Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на надлежниот Јавен обвинител за продолжување на мерката притвор против Б.Ј. и З.М. донесе решенија со кои предлогот на обвинителството се уважува и мерката притвор се продолжува за нови 30 дена“, информираат од Кривичен суд.

    Боки 13 и Зоки Кичеец беа уапсени на 15 јули и по распитот во Основниот кривичен суд Скопје им беше одредена мерка притвор од 30 дена. Двајцата се осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело Перење пари.

    Во случајот „Рекет“ осомничена е и специјалната обвинителка Катица Јанева заради сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањата. Јанева е во притвор од 21 август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира