СУДОТ ПОВТОРНО БАРА ОД СЈО ДОКУМЕНТИ ДЕКА Е НАДЛЕЖНО ЗА „ТВРДИНА“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДОТ ПОВТОРНО БАРА ОД СЈО ДОКУМЕНТИ ДЕКА Е НАДЛЕЖНО ЗА „ТВРДИНА“

    Основниот суд Скопје 1 побарал од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) дополнителни документи со кои ќе ја докаже својата надлежност за предметот „Тврдина“ кој се однесува на уништувањето на прислушната опрема во МВР. Иако пред аболицијата од 12 април судија од истиот суд прво го прифати барањето на СЈО за одредување мерка притвор за првоосомничениот Горан Грујовски, началник во МВР, а потоа Кривичниот совет од тројца судии ја преиначи таа одлука и ја замени со поблага мерка – куќен притвор, сега од истиот суд стигнува нова одлука со која на СЈО повторно му се бара да ја докаже својата надлежност за уништувањето на прислушната опрема.

    Во СЈО велат дека ќе го разгледаат ова најново решение на Кривичниот суд и ќе донесат одлука в понеделник како ќе постапат, меѓутоа истакнуваат дека е нелогично како пред тоа четворица судии ја уважиле надлежноста на ова обвинителство, па дури и донеле мерка за обезбедување притвор и куќен притвор, а сега се наоѓа петти судија кој повторно ја проблематизира надлежноста на СЈО за уништување на опремата за прислушување.

    Горан Грујовски е првоосомничен во предметот „Тврдина“ што Специјалното јавно обвинителство го отвори против пет лица, осомничени дека минатата година ги уништиле системите во МВР од нелегалното следење на комуникациите, вредни 10 милиони евра.

    Третоосомничена е поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. За неа СЈО побара мерки на претпазливост, одземање на патната исправа и забрана за напуштање на живеалиштето. Нејзиното сослушување беше прекинато оти на судијата што вршеше распит му се слоши. Потоа истиот судија се врати на работа, но замина на одмор, а потоа дојде аболицијата на претседателот Иванов со кој се сопре постапката против Грујовски и Јанкуловска.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари