СУДОТ УШТЕ НЕ ГО ЗАКАЖАЛ СУДЕЊЕТО НА ГРУЈОВСКИ ЗА ПАЛЕЊЕ ДОКУМЕНТИ ОД МВР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДОТ УШТЕ НЕ ГО ЗАКАЖАЛ СУДЕЊЕТО НА ГРУЈОВСКИ ЗА ПАЛЕЊЕ ДОКУМЕНТИ ОД МВР

    Судскиот процес против ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски и шестмина вработени во Управата, кои уште на 25 септември беа обвинети од Специјалното јавно обвинителство за противзаконско палење 2.047 службени списи, од кои 22 се однесувале на незаконското прислушување, уште не е закажан.
    Датум кога ќе почне ова судење, се уште не е одреден.
    Во Основниот суд Скопје 1 за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека судењето ќе биде закажано следниве денови, за што јавнота ќе биде веднаш информирана. Оттаму објаснуваат дека датум се уште нема, оти СЈО бараше изземање на судијката кај која се падна овој случај. Името на судијката се слуша во бомбите на опозицијата како „сваровски судијката“ и тоа беше причината поради која специјалната обвинителка Катица Јанева бараше нејзино изземање.
    „Првин СЈО поднесе барање за изземање, па претседателот на Основниот суд Скопје 1 го одби. Потоа се жалеше до Скопска апелација, жалбата му беше одбиена. Тоа одзеде денови. Одлуката од Апелација се врати овде, деновиве ќе се закаже судскиот процес“, ни изјавија од Судот.
    Грујовски е обвинет е за фалсификување службена исправа. За ова кривично дело пропишана е затворска казна до пет години.
    „Првообвинетиот незаконски формирал 6-члена комисија и таа незаконска комисија, по негова наредба, првин извршила попис на сите списи кои се однесувале на следените комуникации што ги врши управата, со цел да ги ништат. Таму имало и класифицирани информации. Без уредби и вон секоја процедура, на локација која ја одредил првообвинетиот, шестчлената комисија ги запалила списите со содржина кој прислушувал, кого го прислушувала управата, кој период, по чиј налог“, објасни по поднесување на обвинението обвинителката Фатиме Фетаи.
    Истиот ден кога беше поднесен обвинителниот предлог против Грујовски, СЈО поднесе обвинителен предлог против Никола Груевски за насилството во општина Центар. За тој случај, главната расправа од судењето е закажана за 21 ноември во 10 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира