ТАЧИ ОД ДПА И ИБРАИМОВСКИ ОД ПЦЕР ПОТВРДИЈА ДЕКА ЌЕ СВЕДОЧАТ ВО СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:77:"Скопје,Тетово,Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТАЧИ ОД ДПА И ИБРАИМОВСКИ ОД ПЦЕР ПОТВРДИЈА ДЕКА ЌЕ СВЕДОЧАТ ВО СЈО

    Лидерите на ДПА Мендух Тачи и на ПЦЕР Самка Ибраимовски потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК дека в понеделник се викнати да дадат исказ во СЈО. Од нивните партии велат дека се повикани како сведоци во предистражна постапка во врска со истрага за дела што произлегоа од аудио снимките од  таканаречените бомби – прислушуваните разговори што лани ги објави опозицијата.

    Од СЈО за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека уште пред десет дена преку МВР имаат испратено дузина покани за распит во предистражна постапка за сегашни и поранешни функционери, но категорично одбиваат да ги соопштат нивните имиња. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева уште во понеделникот соопшти дека во периодот што следи ќе има зголемена фреквенција на лица во нејзиното Јавно Обвинителство, но таа нема да открива детали за предистражните постапки.

    Не кажуваат и дали е вистина дека и членката на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева е меѓу повиканите. „Заради тајноста на предистражната постапка не смееме да откриваме детали ни кого сме викнале ни зошто сме викнале“, изјавија вчера од СЈО.

    Силвана Бонева вчера не одговори на неколку повици на телефон, ниту на смс-пораката со нашето прашање дали е повикана да даде исказ во СЈО и евентуално дали знае за кој случај треба да сведочи.

    Што се однесува до лидерот на ДПА Мендух Тачи, на нашето прашање за кој случај тој е повикан да сведочи Тачи, од партијата ни одговорија: „Па, можете да претпоставите“.

    Лидерот на ПЦЕР Самка Ибраимовски, пак ни изјави: „Ќе го повикам СЈО да ги земе списоците само од 2011 навака и да види колку манипулации се правеле на сите избори со гласовите на Ромите“.

    Во бомбите за изборните измами, меѓу другото, имаше разговор во кој Сашо Мијалков, тогашен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање бара од Тачи членот од ДПА во ДИК да гласа да се усвои приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за Струмица. По ова, Тачи му се јавува на Бедредин Ибраими, членот на ДПА во ДИК, и дава налог како да се гласа во Комисијата и да се даде поддршка за Струмица, во замена за поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за Чаир.

    „Тука сум, ако треба нешто, кажи, за сé, до смрт“, се слуша како му вели Тачи на Мијалков, а потоа му дава налог на Бедредин Ибраими, кој и сега е член на Државната изборна комисија.

    Во бомбите што сугерираат наводни изборни измами имаше и разговор меѓу Силвана Бонева, која тогаш беше пратеник и кандидат за градоначалник на Струмица и Никола Груевски во кој таа му укажува дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Славе Гошев ги рекетира фирмите во Струмица на средина на изборната кампања.

    Во средата на распит во СЈО се појавија Гордана Јанкулоска поранешната министерка за внатрешни работи и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на директорот на УБК Сашо Мијалков. И тогаш СЈО не откри дали станува збор за предметот „Тврдина“, каде што и Јанкулоска и Јакимовски се осомничени, или се викнати на распит за друг предмет кој уште не е објавен.

    Во врска со новата серија покани за распит, специјалната обвинителка Катица Јанева соопшти дека  „постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушкувани разговори“. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира