ТАЛЕВСКИ ГО ВРЗАА СО ЛИСИЦИ ПРЕД ОПШТИНА БИТОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТАЛЕВСКИ ГО ВРЗАА СО ЛИСИЦИ ПРЕД ОПШТИНА БИТОЛА

    Со лисици вечерва демонстрантите врзаа фотографии од битолскиот помилуван градоначалник Владимир Талески врз металната ограда пред општина Битола.
    Под неговата фотогрфија пишуваше „сиктер“, а до неа прикачија и други од обвинителките на СЈО под кои пишуваше „Талески, Катица те поздрави“, „Талески, Фетаи те поздрави“ и „Талески, Ленче те поздрави“.
    Демонстрантите извикуваа „Врати ги парите“ и побараа да се укине аболициjата за Талески од претседателот Иванов.
    На демонстрантите вечерва им се приклучија и битолски Роми. Еден од нив на мегафон порача „Господине Талески излези на тераса да те види цела раса, Талески веќе не си господин. Не те сакаат ни Роми, ни Албаници, ни Турци, ни каури“. Тој ја критикуваше власта дека им ја укинувала социјалната помош, покажувајќи кон неколку Ромчиња со искинати алишта.
    Битолчани и вечерва фрлаа со боја по судот, а водачите соопштија дека по вчерашниот протест од судот испратиле две чистачки да чистат. Прашаа дали некој нив им платил прекувремено и дали ги принудуваат работниците да го бришат срамот на судот? 

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари