ТЕХНИЧКИОТ ПЕРСОНАЛ ВО СЈО БАРА ПОМОШ ОД АМБАСАДОРИТЕ ДА НЕ ОСТАНЕ НА УЛИЦА

    ТЕХНИЧКИОТ ПЕРСОНАЛ ВО СЈО БАРА ПОМОШ ОД АМБАСАДОРИТЕ ДА НЕ ОСТАНЕ НА УЛИЦА„Притиснати од опструкции, навреди, постојани медиумски напади и етикетирања, свесно прифаќајќи извесен безбедносен ризик за нас и нашите семејства, работевме одговорно, напорно, безрезервно и професионално, доследно почитувајќи ги законите“, велат вработените во СЈО во писмото до амбасадорите и и државниот врв (Фото: СДК.МК)

    Стручните соработници и техничкиот персонал во СЈО, меѓу кои се и информатичарите, кои им помагаа на обвинителите и на истражителите, побараа помош од американската и од холандската амбасада, од евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и од претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и од Државниот обвинител Љубомир Јовески зашто стравуваат дека од понеделник остануваат без работа.

    „Во услови кога државата беше соочена со сериозни предизвици за својата иднина и кога функционирањето на институциите на системот беше блокирано во секоја смисла на зборот, во услови кога со месеци ниту една институција не го поддржа формирањето на СЈО и неговото екипирање со стручен и помошен кадар, се охрабривме да бидеме крикот на правдата и да се приклучиме на обвинителскиот тим. Притиснати од опструкции, навреди, постојани медиумски напади и етикетирања, свесно прифаќајќи извесен безбедносен ризик за нас и нашите семејства, работевме одговорно, напорно, безрезервно и професионално, доследно почитувајќи ги законите, вложувајќи ги своите напори да создадеме нови професионални стандарди што ќе бидат позитивен пример за сите други институции“, им пишува на амбасадорите и на државниот врв овој кадар на СЈО.

    Евентуалната ситуација, а чие настапување е се поизвесно, дека предавањето на предметите кои се водат пред ова обвинителство ќе доведе до беспредметност на неговото постоење директно не засегнува нас и нашите права, велат тие.

    „Оттука, секоја намера на преговарачките тимови, која е спротивна на претходно наведените законски одредби ќе ја сметаме како директна повреда на правата од работен однос мотивирана од одмазднички пориви кон вработените и кон сè што тие успеале да постигнат во изминатиот период со искреност и со пожртвуваност кон институцијата во која работат, постапувајќи во делокругот на своите работни задачи определени со законите и согласно организационата поставеност во обвинителството“, велат вработените во СЈО.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира