Мобилниот телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ѝ бил одземен за да се види дали имало комуникација меѓу нејзе и Бојан Јовановски-Боки 13. Ова го кажа доцна вечерва шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска, но не споменувајќи имиња ниту на јавниот обвинител, ниту на првоосомничениот.
„Телефонот е одземен за да ја видиме комуникација на јавен обвинител и првоосомничениот. Претрес не е направен кај ниту еден јавен обвинител и сега за сега нема причина зошто да бидат изведени пред судија“, рече Рускоска.
- 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА БОКИ 13, ОСОМНИЧЕН ЗА ИЗНУДА НА 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА И ПЕРЕЊЕ ПАРИ
- КАТИЦА ЈАНЕВА НЕ Е ПОД ИСТРАГА, САМО Ѝ БИЛЕ ПОБАРАНИ ТЕЛЕФОНИТЕ
Таа одговарајќи на новинарско прашање потврди дека Боки 13 бил уапсен на граничниот премин „Богородица“ при обид за бегство.
„Обележани пари немаме, како докази имаме обезбедено разговори и видеоснимки“, додаде Рускоска.
Вечерва судија на претходна постапка одреди мерка притвор од 30 дена за Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец за примање поткуп и перење пари. Двајцата вечерва со полициска придружба беа спроведени во затворот во Шутка.
А. АНТЕВСКА