ТЕЛОТО ЗА ПОМИРУВАЊЕ ДО 5 ДЕКЕМВРИ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ СО РЕШЕНИЕ, РЕЧЕ ПРАТЕНИКОТ РАМЧИЛОВИЌ

    ТЕЛОТО ЗА ПОМИРУВАЊЕ ДО 5 ДЕКЕМВРИ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ СО РЕШЕНИЕ, РЕЧЕ ПРАТЕНИКОТ РАМЧИЛОВИЌГрупата за помирување ќе работи на донесување на законско решение со кое ќе се релаксираат односите во општеството без да се наруши принципот на владеење на правото. - Независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ (Фото: К. Попов)

    Работната група за помирување која е дел од интерпарламентарното тело за помирување, реформа и интеграција освен за настаните на 27 април 2017 година, ќе работи и на други конфликтни ситуации, проблеми меѓу навивачките групи, монтирани политички процеси, и разни видови на криза.

    На денешната прва седница на подгрупата за помирување утврдиле дека до 5 декември да излезат со решение до Интерпарламентарното тело за реформа, интеграција и помирување.

    „Имаше многу добри предлози, кои ќе се дебатираат во пратеничките групи. Сите сме за донесување на законско решение со кое ќе се релаксираат односите во општеството без да се наруши принципот на владеење на правото Институциите треба да го му дадат предимство на државниот интерес“, рече Зеќир Рамчиловиќ, пратеник од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

    Г.ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира