ТЕРМИНОТ „МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ БИДЕ СОДРЖАН ВО ПРЕДЛОГОТ ЗА РЕШЕНИЕ НА ИМЕТО, ИЗЈАВИ НИМИЦ ЗА ГРЧКА ТЕЛЕВИЗИЈА

    ТЕРМИНОТ „МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ БИДЕ СОДРЖАН ВО ПРЕДЛОГОТ ЗА РЕШЕНИЕ НА ИМЕТО, ИЗЈАВИ НИМИЦ ЗА ГРЧКА ТЕЛЕВИЗИЈАПосредникот Метју Нимиц со преговарачите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис на прес-конференција по средбата во Брисел на 12 декември.

    Посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц вели дека во предлог решението за името ќе биде содржан терминот „Македонија“ бидејќи над 100 земји веќе го имаат признаено. Нимиц, кој зборуваше за грчката телевизија „Антена“ пред денешната нова рунда разговори во Њујорк со преговарачите на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, кажа и дека името со кое земјата е заведена во ОН е „Поранешна Југословенска република Македонија“, односно терминот „Македонија“ е дел од името, а и Грција ја има признаено со тоа име.

    „Терминот ‘Македонија’ ќе биде содржан во предлог решението за името бидејќи веќе го имаат признаено повеќе од 100 земји во светот’, изјави Нимиц за грчката телевизија.

    Нимиц додаде дека во Скопје доминира мислењето дека некои од идеите во минатото не биле задоволителни за нив, но оти е дојдено времето ова прашање да се реши и земјата да продолжи по својот евроатлански пат, а кажа и дека постои позитивно расположение и во Атина и во Скопје за подобрување на односите и засилување на европските димензии на регионот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира