ТЕТОВЦИ ИСТУРИЈА ВРЕЌИ СМЕТ ПОД ВЛЕЗОТ ОД ОПШТИНАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТЕТОВЦИ ИСТУРИЈА ВРЕЌИ СМЕТ ПОД ВЛЕЗОТ ОД ОПШТИНАТА

    Револтирани тетовци истурија вреќи со смет пред влезот од зградата на Општина Тетово. Така тие го изразија својот револт кон градоначалничката Теута Арифи и општинските власти бидејќи, како што рекоа, “Општината не превзема ништо за да се отстрани дивата депонија во градот“.

    “Ние секој ден ја чувствуваме оваа реа, па еве им донесовме малку смет на овие горе од општинското раководство и тие малку да помирисаат“, изјавија револтираните тетовци.

    Од месната заедница Деребој, која е најзагрозена од дивата депонија од протесниот собир испратија конкретни барања до градоначалничката Теута Арифи.

    “Пред сѐ, бараме ургентно да се отстрани дивата депонија од сегашната локација. Депонијата претставува ризик за здравјето на нашите граѓани, таа се наоѓа на влезот од Тетово и дава грда слика за градот, се наоѓа на место спротивно на сите законски регулативи, од неа се шири лош мирис и го оневозможува нормалниот живот на нашите граѓани. Поради сето ова, дивата депонија преставува голем срам за Тетово и неговите граѓани“, изјави Артан Етеми, претседател на месната заедница Деребој.

    “Крајно време е Општината да превземе мерки и мора да најде решение за овие проблеми или, доколку не се во можност тоа да го направат, нека ослободат место за оние кои имаат капацитети, знаење и можност тоа да го направат“, рече Сретен Коцески од невладината ИРЗ.

    На протестот п

    Тетовци го изразија својот револт кон градоначалничката Теута Арифи и општинските власти бидејќи, како што рекоа, “Општината не превзема ништо за да се отстрани дивата депонија во градот“.

    Тетовци го изразија својот револт кон градоначалничката Теута Арифи и општинските власти бидејќи, како што рекоа, “Општината не превзема ништо за да се отстрани дивата депонија во градот“.

    окрај преставници на еколошките друштва и невладините организации имаше и жители од месната заедница Деребој кои имаат куќи веднаш до депонијата.

    “Само до неодамна Тетово беше еден од најчистите градови во Македонија па и пошироко и беше вистинско задоволство тука да се живее. Но во изминативе петнаесетина години на некои им успеа Тетово да го направат најзагаден град и поради тоа првата помисла на граѓаните е како да побегнат од Тетово. Депонијата секако е посебен проблем, но јас сметам дека нема волја да се реши овој проблем, да имаше желба лесно ќе се најдеше решение“, вели Исмаил Сабриу од Деребој.

    Од Општина Тетово, за протестот излегоа со веќе познатиот став дека проблем им прави блокадата на патот до депонијата Русино поради што сега сметот се носи во Дрисла. Тоа пак, одзема многу повеќе време и ресурси за транспорт. Велат дека депонијата интензивно се празни и очекуваат наскоро да ги нема овие грди глетки на големи количини насобран смет.

    текст и фотографија: Зоран Андонов

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари