ТЕВДОВСКИ ГО БАРА КЕРИМ НА ОГЛАС ЗА ДА МУ РАСКИНЕ ДОГОВОР ЗА ВЕСНИЦИ

    ТЕВДОВСКИ ГО БАРА КЕРИМ НА ОГЛАС ЗА ДА МУ РАСКИНЕ ДОГОВОР ЗА ВЕСНИЦИСрѓан Керим беше последниот сопственик на фирмата која ги издаваше дневните весници и додека тој беше управител тие престанаа со печатење, при што беа отпуштени над 300 новинари, печатарски работници и придружни службеници.(Фото: комбинација Ѓ. Личовски / од јавниот фејсбук профил на Срѓан Керим)

    Министерството за финансии преку оглас во дневен весник ја бара фирмата Медиа Принт Македонија (МПМ). Од Министерството не можеле да ја најдат фирмата МПМ, за да го раскинат договорот за набавка на дневните весници „Вест“, „Утрински весник“ и „Дневник“, кои од мај веќе не се печатат.

    Откако од сопствеништвото се повлече Орка холдинг на бизнисменот Орце Камчев, Срѓан Керим беше единствениот сопственик на фирмата која ги издаваше дневните весници. Додека тој беше управител престанаа со печатење, при што беа отпуштени над 300 новинари, печатарски работници и придружни службеници.

    „Министерството за финансии спроведе постапка за јавна набавка на дневни и периодични весници, по кое требаше да склучи  три договори со Медиа Принт Македонија. Со оглед на тоа што не можеше да се изврши уредна достава на договорите за потпишување од нивна страна, согласно со член 84 од Законот за општата управна постапка, Министерството за финансии пристапи кон јавна објава на барањето за склучување на договорите преку соопштение во дневен весник и Службен весник на РМ“, велат од Министерството за финансии.

    „По обидот за доставување на договорите, како и јавната објава согласно Законот за општата управна постапка, и постоењето на фактот дека понудените весници веќе не се печатат во хартиена форма и истите не се дистрибуираат  на  територијата на Република Македонија, Министерството за финансии согласно Законот за јавните набавки одлучи да го поништи изборот на најповолна понуда за деловите од предметот на набавката за кои требаше да се склучат договорите со Медиа Принт Македонија“, вели Министерството за финансии.

    А. АНТЕВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира