ТИМ НА МВР ИНТЕНЗИВНО ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТОТО ДЕВОЈЧЕ, СПАСОВСКИ АПЕЛИРА ДА НЕ СЕ ИЗНЕСУВААТ ШПЕКУЛАЦИИ

    ТИМ НА МВР ИНТЕНЗИВНО ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТОТО ДЕВОЈЧЕ, СПАСОВСКИ АПЕЛИРА ДА НЕ СЕ ИЗНЕСУВААТ ШПЕКУЛАЦИИМВР денеска во регистарот на исчезнати лица објави фотографија и опис на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Информациите да се пријавуваат на 192 или на 112. (Фото: Принтскрин од објава на МВР)

    Министерството за внатрешни работи (МВР) активно се вклучи во потрагата веднаш по добивањето на пријавата за изчезнувањето на девојчето од Скопје и на нејзино пронаоѓање интензивно работи посебен тим формиран од СВР во Скопје, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, по која се трага од вчераутрото.

    „Синоќа до доцна во ноќта, практично до утринските часови, работеше целиот овој тим, предводен од началникот на СВР – Скопје. Извршени се низа на активности, проверки и земање на изјави, разговор со семејството, итн, се со цел да дојдеме до некаква првична информација, изјави Спасовски во интервју за МИА.

    Тој нагласи дека МВР ќе ги преземе сите мерки и активности што се потребни, со цел да дојде до информација за да може да биде пронајдено девојчето.

    „Апелирам до граѓаните навистина да ги добиваат информациите од МВР и на тој начин најмногу ќе се помогне да ја постигнеме целта. Да не изнесуваме шпекулации во јавноста коишто дополнително може да ја подгреваат атмосферата“, рече Спасовски, кој денеска во Брисел учествуваше на Меѓународната конференција на Глобалниот сојуз за борба против криумчарењето на мигранти во организација на Европската комисија.

    МВР повикува информациите да се пријавуваат на 192 или на 112.

    Во објава на Фејсбук и мајката на девојчето, Зорица Ѓорчевска, замоли да не се шират дезинформации, и рече дека е задоволна сум од работата на полицијата, која во текот на изминатата ноќ и денеска активно трага по ќерка ѝ.

    МВР претходно попладнето фотографија и опис за Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на државава.

    „ЃОРЧЕВСКА ВАЊА, татко Александар, мајка Зорица, родена 27.2.2009 година во Скопје. Исчезната на 27.11.2023 година во утринските часови на пат кон ООУ ‘Песталоци’ во општина Центар Скопје.Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темнокафеава, очи кафеави, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон ‘ајфон’“, се вели во објавата на МВР.

    Од МВР велат дека преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на Ѓорчевска откако вчера во 08:35 часот нејзината мајка пријавила дека се сомнева дека е исчезната.

    Низ улиците на Дебар Маало и местото каде исчезнала се залепени летоци со нејзиниот лик. Земени се снимки од безбедносните камери од околните објекти по трасата низ која се движела пред исчезнувањето, но таму нема ништо затоа што камерите имаат близок опсег.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира