ТОДОРОВ ПЛАЌАЛ ХОНОРАРЦИ ПО 2.000 ЕВРА МЕСЕЧНО, ВЕЛИ ТАРАВАРИ

    ТОДОРОВ ПЛАЌАЛ ХОНОРАРЦИ ПО 2.000 ЕВРА МЕСЕЧНО, ВЕЛИ ТАРАВАРИВо тек е ревизија на хонорарите исплаќани на лица ангажирани од поранешниот министер за здравство. - Никола Тодоров и Арбен Таравари (Фото: СДК.МК)

    Министерството за здравство ги ревидира хонорарите од над 100.000 денари месечно, што ги земале луѓе ангажирани од поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Откако ќе заврши ревизијата, според министерот за здравство Арбен Таравари, јавноста ќе добие информација за што биле ангажирани овие луѓе и зошто им биле делени толку високи хонорари.

    „Има голем број лица ангажирани со договор на дело, кои земале месечно суми од пет до шест просечни плати. Се уште немам инфорамција за колку лица станува збор, бидејќи во тек е ревизијата. Колку точно пари се трошеле за ангажман на овие луѓе исто така не знам, но станува збор за добри плати, за западноевропски плати“, рече Таравари.

    Тој рече дека по завршување на ревизијата ќе каже што ќе преземе.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира