ПЕЛИВАНОВ ПОСТАВЕН ДА РАКОВОДИ СО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ НА МЕСТОТО НА РУСКОВСКА, ГИ ЗАСТАПУВАШЕ ОБВИНЕНИЈАТА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕ ПРОТИВ МИЈАЛКОВ ЗАЕДНО СО РИСТОСКА И АЈРО

    ПЕЛИВАНОВ ПОСТАВЕН ДА РАКОВОДИ СО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ НА МЕСТОТО НА РУСКОВСКА, ГИ ЗАСТАПУВАШЕ ОБВИНЕНИЈАТА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕ ПРОТИВ МИЈАЛКОВ ЗАЕДНО СО РИСТОСКА И АЈРОПеливанов е поставен на местото на предлог на Јовески (Фото:СДК.МК)

    Обвинителот за организиран криминал и корупција Трајче Пеливанов, кој како обвинител од СЈО во група со обвинителката Ленче Ристоска и Артан Ајро го застапуваше обвинението за масовното незаконско прислушување, но и за нелегалната набавка на британска опрема за следење за кои Сашо Мијалков доби првостепени затворски казни од вкупно 20 години затвор, од денеска ќе ја заменува шефицата под суспензија Вилма Русковска.

    „На мој предлог обвинителот Трајче Пеливанов денеска од страна на Советот на јавни обвинители е поставен да раководи со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК државниот обвинител Љубомир Јовески.

    Шефицата на ОЈО ГОКK Вилма Русковска пред недела дена беше суспендирана од Советот, на предлог на Јовески. Против неа има и дисциплинска постапка. Аргументите во целост не ги знае јавноста, зашто овие постапки се тајни. Она што се знае е дека против неа кривична пријава поднесе сега веќе поранешниот директор на Финансовата полиција Арафат Муареми, откако даде налог за претрес во институцијата, по анонимни пријави како што кажа. Русковска на ова пред Советот кажа дека излегла со потсетување дека кривични пријави има и против многумина други обвинители во моментов, па не се суспендирани.

    Потоа беше покрената и дисциплинска постапка против неа, која е подолготраен процес, а за која претседателот на Советот Антонио Јолевски кажа дека ќе биде завршена за околу два месеца.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира