ТРАМП МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЗАЕВ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА, НАЈИСТОРИСКОТО ДОСТИГНУВАЊЕ НА БАЛКАНОТ ПО ДЕЈТОНСКИОТ ДОГОВОР

    ТРАМП МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЗАЕВ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА, НАЈИСТОРИСКОТО ДОСТИГНУВАЊЕ НА БАЛКАНОТ ПО ДЕЈТОНСКИОТ ДОГОВОРАмериканскиот претседател се надева дека Договорот од Преспа ќе послужи како инспирација за другите држави во регионот. - Доналд Трамоп; Зоран Заев (Фото: АП/СДК.МК)

    Американскиот претседател Доналд Трамп му честиташе на Зоран Заев за ратификацијата и имплементацијата на Договорот од Преспа, соопшти Владата.

    Како што пиша Трамп во писмото до премиерот на Република Северна Македонија, тоа е најисториското достигнување на Балканот од Дејтонскиот договор и сведочи за неговото храбро лидерство. Претседателот на САД вели дека Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас обезбедиле постабилна и попросперитетна иднина, не само за двете земји, туку и за целиот регион и дека земјата сега ќе го заземе местото кое ѝ припаѓа во Северноатлантската алијанса како Република Северна Македонија.

    „Се надевам дека Договорот од Преспа ќе послужи како инспирација за другите држави во регионот. Тој ја потенцира суштинската вистина дека со политичка храброст и способност за фокусирање на долгорочна корист наспроти краткорочни ризици, лидерите може да направат тешки компромиси кои се неопходни за да ги насочат своите земји на пат кон посветла иднина. Уште еднаш ви честитам за лидерството и посветеноста да го доведете овој процес до неговиот крај, од преговорите преку ратификацијата па сè до неговата целосна имплементација“, напиша Трамп.

    Тој кажа дека Северна Македонија е голем партнер на Соединетите Американски Држави и дека се радува што ќе може да нè пречека како 30. сојузник во НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира