ТРЕТИНА МАКЕДОНЦИ НЕМААТ ПАРИ НИТУ ЗА ЕДНА ПИЈАЧКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Брисел,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТРЕТИНА МАКЕДОНЦИ НЕМААТ ПАРИ НИТУ ЗА ЕДНА ПИЈАЧКА

    Македонија е четврта во Европа по тоа што нејзините граѓани не можат да излезат барем еднаш месечно на кафе или да јадат надвор од дома. Податоците на Еуростат, статистичката служба на Европската Унија, објавени вчера, покажуваат дека 29,1% од населението во Македонија не може да си дозволи пијачка или јадење надвор заедно со пријателите или семејството ни еднаш месечно, оти нема пари.

    Во Шведска помалку од 1% од населението, поточно 0,8%, не можат да излезат еднаш месечно на пијалок или оброк. Ја следат Финска (1,5%), Данска (3,2%), Холандија (3,35), Чешка (3,4%) и Луксембург (4,1%).

    Неславниот европски рекорд во оваа статистика го држи Унгарија. 1 од 3 Унгарци (36,5%) велат дека не можат да си дозволат еднаш месечно кафуле, кафеана за пијалок или јадење. Во Романија процентот е нешто помал – 35,7 а во Бугарија 30%.

    “13% од популацијата од 16 години или постари што живее во ЕУ, изјавила во 2014 дека не може да си дозволи заедно со пријателите или семејството барем еднаш месечно пијалак или јадење, поради недостиг на средства, додека 17,8% од населението не може да си дозволи редовни активности во слободно време. Работната популација на возраст од 25 до 64 одини е малку повеќе засегната, 13,9% односно 19,6%, соодветно“, соопшти Еуростат.

    Во Македонија третина од населението или 32,7% не може редовно да учествува во активности во слободно време. Во Србија тој процент е помал – 31,4. Во Финска само 3,2% од населението не може да си дозволи редовни физички и духовни активности кои не се поврзани со заработување пари за живот.

    Најлошо во ЕУ по овој критериум стои Романија, дури 56,1% од Романците немаат можност за квалитетно слободно време. Следи Бугарија со 37,5%, Литванија со 35,2% и Унгарија, каде третина од населението (32,4%) нема пари редовно да учествува во активности неповрзани со работа.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира