ТРГОВЦИТЕ БАРААТ ВЛАДАТА ДА ЈА УКИНЕ ЗАБРАНАТА ЗА ПРОДАЖБА НА АЛКОХОЛ

    ТРГОВЦИТЕ БАРААТ ВЛАДАТА ДА ЈА УКИНЕ ЗАБРАНАТА ЗА ПРОДАЖБА НА АЛКОХОЛВо јули оваа година се навршуваат девет години од усвојувањето на измените во Законот за трговија, со кои се воведе забраната на продажбата на алкохолни пијалаци после 19 часот, односно 21 часот во летниот период (Фото: СДК.МК)

    Здруженето за трговија при Стопанската комора на Македонија бара од новата Влада да ја укине забраната за продажба на алкохол после 19 часот, односно 21 часот во летниот период. Компаниите исто така бараат укинување и на одредбите поврзани со големите трошоци за добивање лиценца за продажба на алкохолните пијалаци, како и потребата од физичко одделување на алкохолните пијалаци. Оценка е дека со овие одредби ќе се воспостави еднаквост на пазарот, ќе се намалат трошоците во секојдневното работење, а приливот во државниот буџет нема да се намали, поради поголемата потрошувачка.

    „Законските ограничувања иницираат избегнување на примената на некои одредби, кои предизвикуваат незаконско работење и појава на сива економија. Од девијантните појави штета има и државата и компаниите што стриктно се придржуваат при примената на комплетната законска регулатива“, беше кажано на вчерашната седница на Здружението.

    Во јули оваа година се навршуваат девет години од усвојувањето на измените во Законот за трговија, со кои се воведе забраната на продажбата на алкохолни пијалаци и се воведоа дополнителни лиценци (20,000 денари по објект) за продажба на алкохол во малопродажните трговски објекти, со важност од 2 години.

    Граѓаните преку интернет петиција бараат укинување на забраната за продажба на алкохол.

    Еден од главните аргументи за воведување на овие рестрикции во продажбата на алкохолните пијалаци беше да се намали пиењето алкохол во земјата, особено кај младите. Но, напротив, во последниот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен во 2016, се констатира: „Консумацијата на алкохол денес не е само појава кај возрасните лица, туку и кај младите луѓе чиј број од ден на ден станува се поголем“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира