ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ, УШТЕ 163 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, В БОЛНИЦА СЕ ВКУПНО 425 БОЛНИ

    ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ, УШТЕ 163 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, В БОЛНИЦА СЕ ВКУПНО 425 БОЛНИВо болницата „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 144 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починаа три лица по компликации од коронавирус, и тоа пациент од Ресен (42) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71) хоспитализиран на 15 јуни и пациентка (83) хоспитализирана на 23 јуни, соопшти Министерството за здравство.

    Во изминатото деноноќие се направени 1.074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-70, Куманово-2, Дебар-6, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-25, Струга-4, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-3, Гостивар-11, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-3, Свети Николе-4, Ресен-4.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 5 деца позитивни и сомнителни на ковид и 15 возрасни позитивни пациенти.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 144 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти.

    На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Оздравени се 40 пациенти од: Скопје-6, Куманово-1, Штип-16, Прилеп-1, Тетово-9, Велес-2, Битола-1, Гостивар-2, Кочани-1, Ресен-1.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава има 5.758, оздравени се 2.206, на починати се 268, а има 3.284 активни случаи.

    Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 2.800, активни 1.862
    • Куманово 725, активни 269
    • Дебар 89, активни 37
    • Штип 304, активни 182
    • Прилеп 242, активни 21
    • Тетово 628, активни 371
    • Струга 193, активни 111
    • Велес 173, активни 30
    • Битола 45, активни 15
    • Охрид 140, активни 116
    • Кавадарци 14, активни 8
    • Гостивар 102, активни 61
    • Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
    • Струмица 14, активни 10
    • Крива Паланка 15, активни 9
    • Радовиш 4, активни 0
    • Крушево 6, активни 3
    • Кочани 66, активни 29
    • Пробиштип 14, активни 9
    • Демир Хисар 1, активни 0
    • Македонски Брод 3, активни 1
    • Пехчево 5, активни 2
    • Берово 2, активни 1
    • Валандово 6, активни 4
    • Виница 3, активни 0
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 4, активни 1
    • Свети Николе 24, активни 22
    • Кичево 16, активни 12
    • Ресен 89, активни 85
    • Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.074 теста се преку: ИЈЗ –476, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –104, Биотек –69, МАНУ -116, Жан Митрев (Филип Втори) -148, Судска медицина-11, Систина со ПЦР метода -114 и ЦЈЗ Битола-36. Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 421
    • Аеродром – 143
    • Бутел – 139
    • Гази Баба – 149
    • Центар – 125
    • Карпош – 125
    • Сарај – 139
    • Кисела Вода – 107
    • Ѓорче Петров – 88
    • Студеничани – 95
    • Шуто Оризари – 76
    • Арачиново – 53
    • Илинден – 30
    • Петровец – 18
    • Чучер Сандево – 17
    • Сопиште – 12
    • Зелениково-2
    • Странец – 3
    • Нераспределен-51

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира