УАПСЕН Е 40-ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ ВО ЧИЈ ДОМ БЕА НАЈДЕНИ 4 ОНЕСВЕСТЕНИ МАЛОЛЕТНИЦИ

    УАПСЕН Е 40-ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ ВО ЧИЈ ДОМ БЕА НАЈДЕНИ 4 ОНЕСВЕСТЕНИ МАЛОЛЕТНИЦИДенеска во тек е увид под раководство на јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот. (Фото: СДК.МК)

    Уапсен е 40-годишниот Д. Ѓ. од Скопје, во чиј дом вчера беа најдени 4 малолетници во бесознание и со повреди на телото, вели Министерството за внатрешни работи (МВР). Сите 4 малолетници денеска се свесни, во подобрена здравствена состојба, со стабилни витални параметри, вели директорот на Клиниката за токсикологија, д-р Андон Чибишев.

    „На 12.07.2024 во 13.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, во двор од куќа, сопственост на Д. Ѓ. (40) од Скопје, тој бил физички нападнат со тврд предмет од малолетник. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот, при што затекнале четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци, а на местото на настанот биле пронајдени и остатоци од работи кои ги консумирале, за кои дополнително ќе се врши вештачење за да се утврди нивната содржина. Малолетните лица со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ за укажување на лекарска помош. Известен бил јавен обвинител, кој излегол на лице место. Во 16 часот полициски службеници го лишиле од слобода Д. Ѓ.“, вели МВР.

    Денеска во тек е увид под раководство на јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

    Д-р Чибишев вели дека кај сите е докажано присуство на психоактивни супстанции и не е докажано присуство на алкохол.

    „Немаат посериозни повреди. Продолжува интензивното лечење и надзор на Клиниката за токсикологија“, ни рече д-р Чибишев.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира