УАПСЕН КИРЕ СПИРКОСКИ, КОМАНДИРОТ НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ПРИЛЕП, ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА ПРЕСРЕТНУВАЊЕ ДРОГА КАЈ ПЛЕТВАР

    УАПСЕН КИРЕ СПИРКОСКИ, КОМАНДИРОТ НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ПРИЛЕП, ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА ПРЕСРЕТНУВАЊЕ ДРОГА КАЈ ПЛЕТВАРПресретнат е камион натоварен најверојатно со марихуана, во вредност од 800.000 евра, транзит низ Македонија. (Фото: К. Попов)

    Припадниците на МВР денеска околу 14 часот пресретнаа камион натоварен најверојатно со марихуана, во вредност од 800.000 евра. Дрогата била транзит низ Македонија. Во полициската акција која сè уште трае уапсен е командирот на полициската станица Прилеп Кире Спиркоски.

    Според информациите од МВР, бројот на уапсени лица не може уште сега да се сумира. Полицијата кај уапсените лица нашла оружје.

    Оваа нарко-дилерска група и транзитот овозможен со командирот на прилепската полиција, немаат врска со трговците со кокаин од Грчец, кои беа апсени минатата недела.

    Оваа акција МВР ја спроведува со помош на Американската агенција за борба против дрога (ДЕА).

    МВР за утре најавува информација за резултатите од акцијата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира