УАПСЕНИ ПЕТМИНА ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ЗЕМАЊЕ МИТО НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА

    УАПСЕНИ ПЕТМИНА ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ЗЕМАЊЕ МИТО НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦАКај полициски службеници се пронајдени и одзедемени денарски и девизни парични средства, како и алкохолни пијалоци. - Граничниот премин Богородица (Фото: СДК.МК)

    Петмина полициски службеници се уапсени на граничниот премин Богородица во заедничка акција на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти утринава МВР.

    Полицајците М.М. (50), С.O.(36), Р.С. (41), M.K (37) и Д.Д (41), кои се осомничени за земање мито, задржани во СВР Струмица, по што во текот на денот заедно со доказниот материјал ќе бидат предадени на надлежниот јавен обвинител.

    „Кај полициски службеници се пронајдени и одзедемени денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци“, соопшти МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира