Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис денеска го покани премиерот Зоран Заев Новата година заедно да ја дочекаат во Солун.
„Го поканив премиерот Зоран Заев да дојде во Солун приватно, да ги поминеме заедно новогодишните празници“, рече градоначалникот Бутарис по завршување на средбата во Владата.
Премиерот Заев рече дека идејата е добра и убаво би било заедно да ја прослават Нова година во Грција.
„Градоначалникот денеска ме покани да ја дочекаме заедно Нова година. Јас секако ќе размислам за оваа понуда, па можеби таму да ја дочекаме Новата година, заедно и со премиерот на Грција Алексис Ципрас“, рече Заев.