УЧИНОКОТ ЗА ЛЕКАРИТЕ ЌЕ ОСТАНЕ, НО НЕМА ДА ИМА КАЗНИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ

    УЧИНОКОТ ЗА ЛЕКАРИТЕ ЌЕ ОСТАНЕ, НО НЕМА ДА ИМА КАЗНИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИСите лекари ќе земаат 100 отсто од платата и ќе има само награди, најави министерот за здравство Арбееен Таравари (Фото: СДК.МК)

    Плаќањето по учинок за лекарите, што го воведе поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, сепак нема да се укине, туку само ќе се укинат казните. Ова денеска го изјави министерот за здравство Арбен Таравари, кој пред неколку дена најави укинување на плаќањето по учинок, кое беше една од пришините за штрајкот на лекарите пред пет години.

    „Учинокот ќе остане, но нема да биде негативен учинок. Тој ќе биде 100 отсто, односно секој лекар ќе ја има целата своја плата. Казни нема да има, но ќе има плус доктори кои ќе се наградуваат. За законските норми како ова ќе го спроведеме ќе се договориме со правниот тим од Министерството. Се надевам дека ова ќе биде чекор што ќе го преземам како Министер за здравство“, рече министерот Таравари.

    Тој минатата недела рече дека пари за награди на најдобрите доктори ќе обезбедат од платите на економските директори на клиниките и болниците, бидејќи планира да ги укине, односно дека нема потреба од двајца директори во здравствените установи.

    „Веќе реков дека на клиниките има по два директори и дека нема потреба од нив, оти сметам дека тоа е луксуз. Со правниот тим ќе ги разгледаме можностите и тие пари што биле наменети за плати за економските директори, ќе се распределат на неколку најдобри лекари на секоја клиника или болница“, рече Таравари.

    Тој најави дека утре ќе има состанок и со екипата од Министерство за здравство, која е одговорна за функционирање на електронскиот систем за закажување МојТермин за да ги разгледаат можностите за негова измена.

    „Минатиот понеделник прегледував пациент четириесетина минути и точно знам што треба да се смени во системот. Ќе се видиме со луѓето од МојТермин, но и со колегите од Лекарска комора, кои ќе ми бидат први партнери и ќе го направиме тоа што е најдобро и за докторите и за пациентите, но пред се за пациентите“, рече Таравари .

    Промена на МојТермин побара и новото раководство на Лекарската комора, односно претседателката д-р Калина Гривчева Старделова и заменик претседателот на комората д-р Илбер Бесими. Д-р Старделова смета дека МојТермин камо начин пациентот да има резервиран термин кај лекарот не е лошо решение, но дека треба да се промени оти времето од 15 минути за првичен преглед е прекусо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира