УНГАРИЈА МИ ОДОБРИ АЗИЛ, СЕ ПОФАЛИ ИЗБЕГАНИОТ ГРУЕВСКИ НА ФЕЈСБУК

    УНГАРИЈА МИ ОДОБРИ АЗИЛ, СЕ ПОФАЛИ ИЗБЕГАНИОТ ГРУЕВСКИ НА ФЕЈСБУКГруевски со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Охрид во септември 2017 (Фото: СДК.МК)

    Избеганиот осуден премиер Никола Груевски пред малку преку Фејсбук соопшти дека Унгарија одговорила позитивно на неговото барање за добивање политички азил.

    „Денес Република Унгарија, земја членка на ЕУ и НАТО, одговори позитивно на моето претходно поднесено барање за добивање политички азил заради политички прогон во Република Македонија“, напиша Груевски.

    Во долгата објава на социјалната мрежа, осудениот Груевски наведува што напишал во барањето за азил, со тврдења дека избегал за да го заштити својот живот од, како што вели, бројните закани кои му биле упатени.

    Тој потврди дека се повикал на аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов и на мислењето на Комисијата за заштита од дискриминација која донесе одлука дека Груевски бил дискриминиран од судијката Добрила Кацарска и од Основниот суд Скопје 1.

    Ова е прва објава на Фејсбук страницата на Груевски по 13 ноември, кога напиша дека е во Будимпешта и дека поднел барање за азил од унгарските власти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира