УШТЕ 13 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, РЕГИСТРИРАНИ 377 НОВИ СЛУЧАИ ОД 3.608 ТЕСТИРАЊА

    УШТЕ 13 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, РЕГИСТРИРАНИ 377 НОВИ СЛУЧАИ ОД 3.608 ТЕСТИРАЊАВо Македонија моментално има 5.677 активни случаи (Фото: СДК.МК)

    Дванаесет лица починаа од ковид-19 во изминатите 24 часа, додека истовремено се потврдени 377 нови случаи на зараза од направените 3.608 тестирања.

    Петмина од починатите се од Скопје на возраст од 63 до 87 година, како и по еден од Куманово (61 година), Охрид (58), Битола (67), Штип (66), Струмица (62), Крива Паланка (78) и Виница (69), сите во болнички услови.

    Согласно Регистарот на умрени лица од ковид-19 од Мој термин, дополнително е пријавено едно починато лице на 92 години од Скопје, кое починало на 6 декември во болнички услови.

    Најмногу од новите случаи на коронавирус се во Скопје – 164, па следуваат Кавадарци – 31, Прилеп – 30. Битола – 24, Охрид – 16, Велес – 15, Куманово – 11, Штип – 10, Кичево – 9, Тетово – 7, Струмица и Крива Паланка по 6, Радовиш и Валандово по 5, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Делчево и Богданци по 4, Свети Николе, Ресен и Кратово по 3, Кочани, Македонски Брод и Македонска Каменица по 2 и Струга, Пробиштип и Крушево по 1

    Регистрирани сe 307 оздравени пациенти.

    Од почетокот на пандемијата во земјата се направени вкупно 1.500.087 тестирања, а бројот на заразени изнесува 219.100. Оздравеле 205.700 пациенти, а починале 7.723. Во Македонија моментално има 5.677 активни случаи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира