УШТЕ 19 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС, ВКУПНО 67 ДОСЕГА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    УШТЕ 19 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС, ВКУПНО 67 ДОСЕГА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ„Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје, авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за коронавирус. Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период“, објави утрово министерот за здравство Венко Филипче на официјалниот фејсбук профил. (Фото: Фејсбук)

    Бројката нови лица заболени од корнавирус до 10 часот е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67, објави министерот за здравство Венко Филипче.

    Вчера попладне и во текот на ноќта преку Институт за јавно здравје на коронавирус се тестирале 71 лице. Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје, и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.

    Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.

    На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.

    Со ова, бројката на новозаболени до 10.00 часот е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира