УШТЕ 20 ПОЧИНАТИ И 106 ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ОД 761 ТЕСТ

    УШТЕ 20 ПОЧИНАТИ И 106 ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ОД 761 ТЕСТДенеска Институтот за јавно здравје регистрира 603 оздравени пациенти од кои од Скопје се 230. (Фото: СДК.МК)

    Починати се 20 лица, сите во болница, a од вкупно 761 направен тест вчера и денес, регистрирани се 106 новозаразени граѓани со коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

    Од починатите, четири пациенти се од Скопје (85, 63, 86 и 77), еден е од Куманово (65), еден од Дебар (68), двајца пациенти од Прилеп (75 и 81), двајца од Битола (84 и 69), еден од Охрид (55), еден од Кавадарци (81), тројца пациенти од Гостивар (55, 59 и 67), еден од Крива Паланка (82), еден од Крушево (49), еден од Валандово (64) и двајца од Неготино (66 и 80).

    Од 106-те нови случаи на заразени со вирусот ковид-19, од Скопје се 72, од Куманово 4,  Штип 2, Прилеп 5, Тетово 3, од Битола еден нов случај, Кавадарци 4, Гостивар 6, Струмица 5, и од Радовиш, Кочани, Берово и Ресен, по еден случај.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 603 оздравени пациенти од: Скопје-230, Куманово-24, Дебар-5,  Штип-18, Прилеп-51,  Тетово-8,  Струга-30, Велес-20, Битола-26, Охрид-54, Кавадарци-27, Гостивар-14, Гевгелија-11, Струмица-8, Радовиш-8, Кочани-10, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-7, Берово-4, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-4, Кичево-7, Ресен-3 и Неготино-20.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84.129, бројката на оздравени пациенти е 63.532, на починати е 2.550, а бројот на активни случаи изнесува 18.047. Од вчерашната статистика се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 36.375, активни 10.757
    • Куманово 4.775, активни 473
    • Дебар 641, активни 114
    • Штип 3.316, активни 208
    • Прилеп 4.261, активни 462
    • Тетово 4.788, активни 810
    • Струга 2.062, активни 296
    • Велес 2.780, активни 443
    • Битола 3.053, активни 485
    • Охрид 2.468, активни 463
    • Кавадарци 2.163, активни 487
    • Гостивар 3.402, активни 506
    • Гевгелија 1.177, активни 266 (80 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 202 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 2.326, активни 588
    • Крива Паланка 635, активни 121
    • Радовиш 626, активни 99
    • Крушево 167, активни 73
    • Кочани 1.609, активни 193
    • Пробиштип 450, активни 35
    • Демир Хисар 237, активни 35
    • Македонски Брод 220, активни 23
    • Пехчево 156, активни 25
    • Берово 503, активни 46
    • Валандово 313, активни 50
    • Виница 448, активни 60
    • Делчево 671, активни 206 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 193, активни 12
    • Свети Николе 1043, активни 82
    • Кичево 1.578, активни 203
    • Ресен 654, активни 140
    • Неготино 1.039, активни 286 (165 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 761 теста се преку: ИЈЗ-172, ЦЈЗ Скопје-45,  Авицена-0, Биотек-15, МАНУ -54,  Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина со PCR метода -274, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-0, ГАК-30, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -61, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 405.108 тестирања на Ковид -19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира