УШТЕ 22 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, ВКУПНО 136 ВО ЗЕМЈАВА

    УШТЕ 22 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, ВКУПНО 136 ВО ЗЕМЈАВАПовремени врнежи од снег ќе има и утре и в среда, најобилни ќе бидат врнежите во источните делови од државата каде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 сантиметри. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу пет сантиметри, освен на планините каде се очеува повисока снежна покривка; - Скопје утрово. (Фото: К. Попов)

    Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати.

    Новите случаи на коронавирус во земјата по градови се во Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

    Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје (81) – од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје; Дебар (40) – од кои 1 починат; Штип (7); Куманово (3) – од кои 1 починат; Кавадарци (2); Охрид (2) – од кои 1 лице е од Скопје, а е во иозлација во Охрид, и Гостивар (1).

    Министерството за здравство претходно соопшти дека ноќеска на Инфективната клиника почина 63-годишен маж од Дебар кому нагло му се влошила состојбата, а завчера почина и 57-годишна жена од Куманово. Обајцата претходно немале ниедна хронична болест која можела дополнително да ја искомплицира состојбата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира