Во изминативе 24 часа починаа 26 лица поради компликации од ковид-19. Меѓу починатите, како што соопшти претпладнево Министерството за здравство, е и 15-годишно девојче од Тетовско.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, за една недела во земјава починале 238 болни.
Денеска се регистрирани 906 нови случаи на ковид-19 од направени 6.006 ПЦР тестови. Со денешните бројки, активни во земјава се 14.785 болни.