УШТЕ 4 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, НОВИ 48 ПОЗИТИВНИ ОД 387 ТЕСТОВИ, ПОЛОВИНАТА ОД БОЛНИТЕ СЕ ВО БОЛНИЦИТЕ НАДВОР ОД СКОПЈЕ

    УШТЕ 4 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, НОВИ 48 ПОЗИТИВНИ ОД 387 ТЕСТОВИ, ПОЛОВИНАТА ОД БОЛНИТЕ СЕ ВО БОЛНИЦИТЕ НАДВОР ОД СКОПЈЕНа инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 173, позитивни и сомнителни на ковид-19; - Граѓани во кругот на скопскиот Клинички центар. (Фото: К. Попов)

    Во болнички услови по компликации од ковид-19 починаа  4 пациенти од Скопје (73 и 62), Куманово (69) и Тетово (72), а во последните 24 часа се направени 387 тестирања и регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Новите заболени се од: Скопје-20, Куманово-3, Дебар-1, Прилеп-3, Тетово-1, Струмица-4, Кочани-9, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 173, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-21, Куманово-3, Штип-2, Тетово-5, Струга-6, Битола-1, Гостивар-4, Гевгелија-2, Крива Паланка-2, Радовиш-3, Кочани-6, Пробиштип-2, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-1.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 17.674, оздравеа 14.642, починаа 729, а активни случаи се 2.303. Од вчера се регистрираат три контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 6.901, активни 681

    • Куманово 1.748, активни 181

    • Дебар 285, активни 43

    • Штип 1.251, активни 51

    • Прилеп 670, активни 131

    • Тетово 1.425, активни 169

    • Струга 664, активни 52

    • Велес 319, активни 34

    • Битола 296, активни 58

    • Охрид 421, активни 44

    • Кавадарци 236, активни 49

    • Гостивар 928, активни 99

    • Гевгелија 125, активни 51 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

    • Струмица 234, активни 151

    • Крива Паланка 107, активни 27

    • Радовиш 76, активни 15

    • Крушево 20, активни 3

    • Кочани 349, активни 152

    • Пробиштип 111, активни 20

    • Демир Хисар 61, активни 2

    • Македонски Брод 92, активни 13

    • Пехчево 44, активни 4

    • Берово 102, активни 38

    • Валандово 31, активни 22

    • Виница 110, активни 29

    • Делчево 160, активни 86 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 24, активни 0

    • Свети Николе 343, активни 38

    • Кичево 324, активни 38

    • Ресен 164, активни 16

    • Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 387 теста се преку: ИЈЗ-182, ЦЈЗ Скопје-11, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Систина со ПЦР метода -104, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-10, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 185.708 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

    • Чаир – 57

    • Гази Баба – 77

    • Аеродром – 107

    • Карпош – 86

    • Центар – 97

    • Кисела Вода – 78

    • Ѓорче Петров – 52

    • Бутел – 30

    • Шуто Оризари – 17

    • Студеничани – 9

    • Сарај – 11

    • Арачиново – 7

    • Илинден – 28

    • Сопиште – 2

    • Чучер Сандево – 5

    • Петровец – 7

    • Зелениково – 2

    • Странец – 7

    • Нераспределен-2

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира