УШТЕ 8 ПОЧИНАТИ И НОВИ 196 СЛУЧАИ НА КОВИД-19, 90 СЕ ОД СКОПЈЕ

    УШТЕ 8 ПОЧИНАТИ И НОВИ 196 СЛУЧАИ НА КОВИД-19, 90 СЕ ОД СКОПЈЕВо Градската општа болница „8 Септември“ починаа тројца пациенти - двајца од Скопје, пациент на возраст од 43 години хоспитализиран на 11 јуни и пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни, како и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Осум лица починаа по компликации од КОВИД-19, а регистрирани се 196 нови позитивни тестово од 1.213 тестирања во последените 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Последниот рекорд на регистрирани новозаразени беше 180 на 5 јуни, од 1.272 теста.

    Починатите се четворица од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца – две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиранa пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ исто така починаа тројца пациенти – двајца од Скопје на возраст од 43 години-хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни.

    Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден.

    Во болницата во Охрид почина пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни.

    Регистрирани новозаболени лица се од:
    – Скопје 90
    – Куманово 17
    – Штип 5
    – Прилеп 1
    – Тетово 45
    – Струга 8
    – Велес 1
    – Битола 4
    – Охрид 11
    – Гостивар 8
    – Крива Паланка 1
    – Пехчево 2
    – Свети Николе 1
    – Ресен 2

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

    – Скопје 3
    – Куманово 1
    – Штип 2
    – Прилеп 4
    – Велес 1

    Досега во земјата се направени вкупно 42.262 тестирања на КОВИД -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупно ковид дијагностицирани се 3.895, оздравени се 1.705,  починати се 179, а активни случаи во земјата има 2.011.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира