УСТАВЕН СУД НЕМА ВРЕМЕ ДА ГИ ОДЛОЖИ ИЗБОРИТЕ ДО 5 ЈУНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    УСТАВЕН СУД НЕМА ВРЕМЕ ДА ГИ ОДЛОЖИ ИЗБОРИТЕ ДО 5 ЈУНИ

    Премногу е краток рокот за да можат уставните судии да одлучат по иницијативата на ДУИ за оценување на одлуката за распуштање на Собранието, тврдат за „Мета“ извори од највисоката судска институција. Оттаму велат дека најкраткиот рок во кој Уставниот суд донел одлука бил оценката за уставноста за измените на Законот за помилување од 2009 година, со што се овозможи да се помилуваат лица осудувани и гонети за изборен криминал.

    Ова оценување на Законот траело еден и пол месец.

    Затоа судии од Уставниот суд се сомневаат дека може што било да се направи до 5 јуни, до кога би било пожелно да се има одлука, затоа што по овој датум правно неоснована би била и иницијативата. Тие велат дека по поднесувањето на барањето, треба да добијат одговор од Собранието на Република Македонија, уставните судии да напишат реферат, кој на седница ќе биде разгледан.

    За сето тоа, велат судии од Уставниот суд, времето е прекратко.

    Што се однесува на тоа дали Уставниот суд ќе прифати да ја оценува одлуката за распуштање на Собранието, експертите сметаат дека постојат две решенија.

    Првото е судот, како и при претходната иста ваква иницијатива, од лидерот на ДС, Павле Трајанов, за распуштање на Собранието на 24 април, да ја прогласи за поединечен акт и да се прогласи за непогоден за оценување на уставно-судска одлука.

    Вториот можен одговор би бил судиите да прифатат дека се работи за општ акт, затоа што како што тврдат експертите, од него, освен пратениците, засегнати се и граѓаните и потоа да се оценува уставноста.

    Денеска ДУИ поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието, потврди портапаролот на партијата, Бујар Османи, за „Мета“.

    Тие бараат Уставниот суд да ја оцени одлуката на Собранието за распуштање како неуставна, со што ќе му се овозможи на парламентот повторно да заседава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари