УСТАВНИОТ СУД ДА ИСТРАЕ И ДА НЕ ДОЗВОЛИ КРАТЕЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА СУДИИТЕ, КОЈ САКА НЕКА ДОНИРА 20% ОД ПЛАТАТА, ВЕЛИ ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДИИ

    УСТАВНИОТ СУД ДА ИСТРАЕ И ДА НЕ ДОЗВОЛИ КРАТЕЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА СУДИИТЕ, КОЈ САКА НЕКА ДОНИРА 20% ОД ПЛАТАТА, ВЕЛИ ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДИИЗдружението на судии е еден од подносителите на иницијативата пред Уставниот суд против кратењето на платите на судиите. - Исшараниот Уставен суд (Фото: СДК.МК)

    Здружението на судии, кое по адвокатот, беше втората иницијатива против кратењето на платите на судиите, смета дека е во ред одлуката на Уставниот суд за запирање на кратењето на платите на судиите. Се надева на истрајност на Уставниот суд докрај, сè до носењето на конечната одлука на Уставниот суд против владината Уредба со која само за април и мај, во знак на солидарност кон приватниот сектор и потребите на лекарите кои се борат со пандемијата со коронавирус, требаше да им ги скрати платите на уставните судии, судиите и обвинителите, пратениците и директорите на ниво на минималната плата од 14.500 денари.

    Тргнувајќи од ова Решение на Уставниот суд, а по повод поднесената Иницијатива, Управниот одбор на Здружението на судиите, очекува и во натамошниот тек на постапката да преовладуваат правните аргументи, со што ќе се почитува владеењето на правото и правната држава“, соопшти Здружението на судии, кое е еден од подносителите на иницијативата пред Уставниот суд против кратењето на платите на судиите.

    Управниот одбор ја акцептира сериозноста на состојбата во која се наоѓа Република Северна Македонија, по објавената вонредна состојба предизвикана од пандемија на вирусот КОВИД-19, и во таа насока, во целост ги поддржува активностите на Владата и останатите релевантни институции, во насока на изнаоѓање на креативни и функционални решенија за ублажувања на последиците од ваквата состојба, притоа изразувајќи особена почит и благодарност кон здравствените работници, за нивната пожртвуваност и секојдневно ризикување на нивните животи, за нас и нашите семејства односно сограѓани. Имајќи ја предвид ваквата сензитивна состојба, притоа покажувајќи целосна солидарност за потребата од соодветна партиципација, без оглед на фактот дека постапката пред Уставниот суд не е окончана, Управниот одбор на Здружението на судиите донесе Одлука судиите да издвојат најмалку 20% од нивната плата, за месеците април и мај 2020 година, за сметка на Солидарниот фонд за справување со вирусот КОВИД-19“, соопшти Здружението на судии, по денешната седница на управниот одбор.

    Управниот одбор ова одлука ја донел во форма на препорака и неа судиите треба да ја почитуваат/спроведат на индивидуална и доброволна основа, при што ќе биде исполнета декларираната заложба на судиите, за учество во намалувањето на последиците од пандемијата, вели Здружението.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари