УСТАВНИОТ СУД ЈА ОШТЕТИ ДРЖАВАТА ЗА 30.000 ЕВРА, ОТИ СЕ НАПРАВИ НЕНАДЛЕЖЕН ЗА ИСФРЛАЊЕТО НА НОВИНАРИТЕ ОД СОБРАНИЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УСТАВНИОТ СУД ЈА ОШТЕТИ ДРЖАВАТА ЗА 30.000 ЕВРА, ОТИ СЕ НАПРАВИ НЕНАДЛЕЖЕН ЗА ИСФРЛАЊЕТО НА НОВИНАРИТЕ ОД СОБРАНИЕ

    Молк од Уставниот суд по пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур дека новинарите биле незаконски исфрлени од Собранието на 24 декември 2012. На 16 април, 2014 Уставниот суд, повикувајќи се на Деловникот, донесе решение со кое се отфрла барањето за заштита на слободите и правата кои се однесуваат на слободата на јавното изразување, поднесено од шестмина новинари кои на 24 декември, 2012 беа дел од полната галерија новинари и сниматели кои обезбедувањето ги исфрли и не им дозволи да ги следат насилствата во пленарната сала на Собранието.

    Судот во Стразбур ѝ наложи на државата да им исплати по 5.000 евра компензација на шестемина новинари – тужители.

    Пресудата Судот во Стразбур ја донел едногласно од сите седум судии и во неа е наведено дека во случајот „Селмани и други против Македонија“ имало прекршување на членот 6 од Европската конвенција за човекови права, која се однесува на правото на фер сослушување и прекршување на членот 10 од Европската конвенција, кој се однесува на слободата на изразување. Исто така, Судот соопшти дека Владата не успеала да го убеди Судот дека било неопходно или оправдано да се отстранат новинарите од галеријата во Собранието.

    Повикувајќи се на Деловникот, мнозинството во Уставниот суд предводено од тогашната претседателка Елена Гошева, пак, веднаш го отфрли барањето на овие шест новинари и се прогласи за ненадлежен.

    Против одлуката на Уставниот суд тогаш реагираше само уставната судијка Наташа Габер - Дамјановска со издвоено мислење (Фото: СДК.МК)

    Против одлуката на Уставниот суд тогаш реагираше само уставната судијка Наташа Габер – Дамјановска со издвоено мислење (Фото: СДК.МК)

    “Како подносител на барање за заштита на слободи и права пред Уставниот суд може да се јави само физичко, а не и правно лице“, напиша во решението највисокиот суд во Република Македонија.

    Барањето за заштита на слободите и правата кои се однесуваат на слободата на јавното изразување до Уставниот суд го поднесе Здружението на новинари на Република Македонија застапено од Насер Селмани во својство на претседател на ЗНМ, но и како новинар исфрлен тој ден од собраниската галерија, потоа Наташа Стојановска, Фросина Факова, Снежана Лупевска, Билјана Богдановска и Тони Ангеловски.

    “Ценејќи дека физичкото отстранување на новинарите од галеријата на собраниската сала, кое го налагала конкретната ситуација на, како што посочува Уставниот суд, ескалација на хаосот и безредието во салата, имало за цел да ги заштити новинарите и да обезбеди ред во салата, а не да ги оневозможи во вршењето на нивната дејност – информирање на јавноста и да им ја ограничи слободата на изразувањето, Уставниот суд го одби барањето на новинарите“, стоеше во образложението.

    На ова реагираше уставната судијка Наташа Габер – Дамјановска со издвоено мислење во кое посочи:„Апсурдно е тврдењето дека тоа е сторено за ‘безбедност на новинарите’, кога очевиден факт е дека тие седеле на своите места и биле крајно пасивни, со никакво дејствие не учествувале во настаните, туку само набљудувале, за што имаат и легитимно право бидејќи тоа е дел од нивната професионална известувачка активност. Жалам што Судот не покажа спремност да се расчистат дилемите преку организирање на јавна расправа на која ќе се добиеше точен увид во фактичката состојба и изворно ќе се добиеја детални информации за настанот од сите инволвирани страни“, напиша судијката Габер-Дамјановска, која се повика и на Европската конвенција за заштита на човековите права. Европскиот суд за човекови права, потенцира таа, го анализира секој случај во неговата целина и во контекст со околностите поврзани со него, при што предимство секогаш се дава на слободата на изразувањето, а секое нејзино ограничување мора да биде исклучок, кој ако постои, мора да биде интерпретиран многу строго и јасно.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира