УТРИНАВА ПОЧИНАЛА МАЈКАТА НА КАТИЦА ЈАНЕВА

    УТРИНАВА ПОЧИНАЛА МАЈКАТА НА КАТИЦА ЈАНЕВАСпецијалната обвинителка Катица Јанева по вчерашниот распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција за истрагата „Рекет“. (Фото: СДК.МК)

    Утринава пред да биде уапсена специјалната обвинителка Катица Јанева, починала нејзината мајка по долго боледување. Погребот, велат извори блиски до семејството, ќе биде утре во Гевгелија, родниот град на Јанева.

    Но, Обвинителството за организиран криминал за Јанева веќе побара притвор за злоупотреба на службената положба и овластувањата и на денешната прес-конференција, обвинителката Вилма Рускоска кажа дека тоа нема да влијае на барањето за притвор.

    Јанева е осомничена за влијание и олеснување на положбата на Орце Камчев, кој беше во притвор за „Империја“, за што наплатила во мебел вреден околу 5.000 евра.

    Јанева е изнесена пред судија на претходна постапка.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира