В ПОНЕДЕЛНИК ПРОДОЛЖУВА СОБРАНИСКАТА СЕДНИЦА ЗА ИЗБОР НА НОВИ МИНИСТРИ

    В ПОНЕДЕЛНИК ПРОДОЛЖУВА СОБРАНИСКАТА СЕДНИЦА ЗА ИЗБОР НА НОВИ МИНИСТРИСобранието треба да избере нови министри за правда, за здравство, за информатичко општество и администрација и за животна средина. (Фто: К. Попов)

    Собранието в понеделник ќе ја продолжи расправата за Предлогот за избор на членови на Владата. Пратениците вчера продолжија со работа и по 18 часот, а по неколку излагања и реплики претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата. Поради престојните верски празници, тој најави дека Собранието ќе продолжи седницата в понеделник.

    Со владината реконструкција за министер за правда е предложен Кренар Лога, за здравство Фатмир Меџити, за министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу и за министер за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

    Расправата за изборот на новите министри почна завчера, откако по 10-дневна дебата беа разрешени министрите од Алтернатива, за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор за дијаспора Џемаил Чупи.

    На 104. седница по изборот на министрите треба да се расправа и гласа за разрешување на пет заменици-министри и да бидат именувани нови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира