В САБОТА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ СО ЧИСТЕЊЕ ЌЕ ГО ОДРАБОТАТ 2 ЈАНУАРИ

    В САБОТА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ СО ЧИСТЕЊЕ ЌЕ ГО ОДРАБОТАТ 2 ЈАНУАРИНад 40.000 вработени во јавната администрација, заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ што ја покрена актерката Ирена Ристиќ, на 14 декември ќе чистат во Скопје и во други градови во земјава.(Фото: МИОА)

    Сабота ќе биде работен ден за вработените во јавната администрација. Со чистење административците ќе го обработуваат 2 јануари 2019, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции. Одлуката беше донесена на денешната владинс седница, а не важи за вработените во здравствените и образовните институции.

    Над 40.000 вработени во јавната администрација, заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ што ја покрена актерката Ирена Ристиќ, на 14 декември ќе чистат во Скопје и во други градови во земјава.

    „Ова ќе биде масовна акција за чистење, која планираме да стане и традиционална. На овој начин вработените од државните институции ќе помогнат за зачувувањето на животната околина, а ќе влијаеме и на свеста на граѓаните, за да успееме да ги зачуваме чисти локациите откако ќе заврши акцијата. Само со заеднички напори можеме да постигнеме почиста животна средина за сите нас“, рече министерот за информатичко општество и администација на 27 ноември кога беше најавена акцијата за чистење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира