ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА 10 МИЛИОНИ ФУНТИ ВО УЧИЛИШТАТА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

    ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА 10 МИЛИОНИ ФУНТИ ВО УЧИЛИШТАТА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАНСо проектот сите основни училишта односно ученици на возраст од 10-15 години ќе добијат „Микро:бит“ уреди за кодирање, коишто ќе им помогнат да стекнат нови дигитални вештини на забавен и интерактивен начин.-Амбасадорката Рејчел Галовеј и министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски.(Фото: К.Попов)

    Преку проектот „Училишта на 21 век“ Велика Британија ќе инвестира 10 милиони фунти во основните училишта во Западен Балкан. Со проектот сите основни училишта односно ученици на возраст од 10-15 години ќе добијат „Микро:бит“ уреди за кодирање, коишто ќе им помогнат да стекнат нови дигитални вештини на забавен и интерактивен начин.

    „Со оваа тригодишна програма ќе им се зголемат капацитетите на сите основни училишта во земјите од Западен Балкан и ќе им се овозможи на сите ученици на возраст од 10-15 години да ги развиваат вештините за критичко размислување, решавање проблеми и кодирање. Ќе бидат опфатени 200.000 деца, а ќе се обучуваат директорките и наставниците“, рече Елеонора Запрова, директор на Британски совет.

    Изминатите месеци дел од учениците беа дел од пилот-проектот и се запознаа со начинот на којшто работи уредот „Микро:бит“ преку претставените училишни проекти.

    Британскиот државен министер за Европа, сер Алан Данкан во видео-обраќање кажа дека оваа програма се започнува на 30-годишнината од основањето на глобалната интернет мрежа.

    „Го правиме ова, бидејќи сакаме да помогнеме регионот да стане просперитетен  и стабилен, Развојот на вештини во 21 век ќе помогнат да се создадат следна генерација технолошки претприемачи и ќе помогне да се создадат повеќе работни места“, рече Данкан.

    Уредот Микро:бит на Би-би-си е рачен и програмабилен микро-уред за кодирање којшто може да се употреби за создавање разни супер креации – од роботи до музички инструменти – можностите кои ги нуди се неограничени.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари