ВЕРБАЛЕН ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА КАЈ „ПАЛОМА БЈАНКА“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВЕРБАЛЕН ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА КАЈ „ПАЛОМА БЈАНКА“

    Антивладините демонстранти и вечерва се на улица. Со паролата „Ќе ги посетиме за да ги потсетиме“ тие тргнаа кон Собрание. Централниот транспарент на шарените револуционери на чело на колоната е со пораката „Нема да ви помине“. Само што тргнаа од пред СЈО, колоната запре оти дојде до мал вербален инцидент меѓу дел од демонстрантите и полицијата пред „Палома бјанка“. Неколкумина демонстранти со труби и свирчиња сакаа да се доближат на полицајците кои во кордон стојат на улицата Даме Груев, но други демностранти им го пресекоа патот и не дозволија да дојде до близок контакт. За кусо време колоната продолжи да се движи кон Собранието. Демонстрантите скандираат „Шутка не ти бега Никола“ и „Шарена револиција против фикус аболиција“.

    Граѓанското движење „Протестирам“ и вечерва порача дека ќе остне на улица се до целосно исполнување на барањата. Тие бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Барањето за итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни е веќе исполнето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари